МВР со детали за сообраќајката на патот Кичево-Гостивар: Едно лице загина

Возач загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Астра“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.А.(32) од с.Зајас и „Хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Скопје.

-Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега