Уапсени две момчиња од Скопје фатени со дрога

Две момчиња од Скопје биле уапсени откако полицијата кај нив пронашла дрога, информира МВР.

Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода 20-годишниот Б.А.од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Подоцна, во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Есперанто“, го лишиле од слобода 21-годишниот И.Т. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега