Велешанец фатен при кражба во полициски час

Велешанецот М.А. (23) вчера вечерта, додека траела забраната за движење, бил уапсен од полициски службеници од СВР Велес.

Тој бил фатен при вршење на тешка кражба од автомобил, паркиран на ул.„Димко Најдов“ во Велес.

-По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела. Лицето е задржано во Полициската станица Велес, информираат од МВР.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега