Двајца приведени во полициски час за напад и нарушување јавен ред и мир во Тетово

Тетовската полиција бележи физички напад и нарушување на јавен ред и мир во време на полицискиот час. Притоа две лица се приведени во полициска станица. Нападнат е вработен на комуналното претријатие.

-Вчера во 17 часот и 40 минути, Ј.Ј.(42) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристевски-Дрнц“ и „Ѓорче Петров“ во Тетово бил физички нападнат од 53-годишниот Д.В. од тетовска Брвеница. Пријавениот Д.В. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Синоќа околу 21 часот е приведен е 39 годишник кој бил пијан и не сакал да се легитимира пред полицајците.

-Пријавено било дека на улица „29 Ноември“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање гласна музика, од страна на 39-годишниот тетовец А.К. и уште две лица. Тројцата, во алкохолизирана состојба, одбивале да се легитимираат, а А.К. се однесувал агресивно кон полициските службеници, поради што бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, истакна Јосифоски.

За приведените ќе следат соодветни поднесоци меѓу кои и пријава за непостапување според прописи за време на пандемија според членот 206 од кривичниот законик. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега