Обвинет скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал дека ќе изврши убиство на политичари и владини функционери

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетиот 34-годишник од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство, за кое е пропишана казна затвор од над пет години.

Оттаму посочуваат дека тој во повеќе наврати објавувал текстови со заканувачка содржина, а заканите биле упатени кон политичари и владини функционери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега