Шумски пожар избувнал во тетовско - мештаните и пожарникарите заедно го гаснеле огнот

Тетовските пожарникари заедно со мештани од селото Селце на Шар Планина изгасија поголем шумски пожар кој три дена гореше во месноста Црвен камен. Пожарникарите почнале со интервенција во раните вечерни часови, а огнот е локализиран околу полноќ.

– Огнот е забележан уште пред три дена над село Селце. Бидејќи беше многу високо и на непристапен терен два дена ние го надгледувавме. Вчера навечер оценивме дека може да се интервенира и затоа отидовме да го гасиме. Околу полноќ беше локализиран, денеска нема пламен, но се уште има чад, изјави Ука Алити, командант во тетовската пожарна.

Алити посочи дека интервенирале со само четири пожарникари и само едно теренско возило бидејќи нема пристап до таму со камионите за гаснење на пожар.

– Бевме вкупно 10 луѓе, од кои шест мештани од Селце. Изгоре букова шума, сметам дека е подметант пожарот, човечките фактор е пресуден. Се надевам дека прогнозата за врнежи од дожд вечерва ќе придонесе да се активира нов оган, рече Алити.

Според командантот на пожарникарите, пожарот не го загрозило селото Селце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега