Скопјанка измамена: Турчин и ветил работа во Германија, му дала пари, а потоа исчезнал

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.В.(40) од Р.Турција, со дозвола за престој во Р.Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

„Во текот на јули 2019, истиот објавил оглас на интернет страна, во кој било наведено дека посредува за престој и работа во Р.Германија, по што оштетената С.Ќ. се заинтересирала и започнала да комуницира со пријавениот преку апликацијата „ватсап“. Убедена во точноста на информациите и понудата од страна на пријавениот, оштетената на 22.07.2019 уплатила 500 евра на име на пријавениот, преку брз трансфер на парични средства, но по уплатата не можела да дојде во контакт со пријавениот, кој се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра“ соопштуваат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега