Непочитување на полициски час во Берово и Битола- ќе треба да платат казна по 2000 евра

Обвинетите на 13.04.2020 година за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија. Обвинетите за време на полицискиот час се движеле на повеќе локации каде биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола кој постапува по предметите поднесе 3 предлози за издавање казнен налог спрема обвинетите со кои на Основниот суд Битола му предложи, на секој од тројцата обвинети да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.​

Денеска Основното јавно обвинителство Берово до Основен суд Берово поднесе три предлози за издавање казнен налог против вкупно шест лица за три одделни кривично правни настани за прекршување на забраната за движење на 10 и 11 април 2020 година. Обвинетите за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување – Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република  Македонија донесена на 36-та седница на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на целата територија на државата, започнувајќи од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник,

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, јавниот обвинител му предложи на надлежниот суд на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 50 до 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 до 20 евра во денарска противвредност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега