Ограбиле аптека во Скопје, а по апсењето полицијата во автомобилот им пронашла и марихуана

 

Вчера во 13.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Климент Охридски“, во аптека, маскирано лице со закана со нож од вработената ги одзело парите од дневниот промет.

По преземени мерки од полициски службеници,  поради основано сомнение за извршување на споменатото кривично дело, биле приведени Р.А.(30), С.Ѓ.(20) и В.А.(20) сите од Штип, кои биле со возило „голф“, со штипски регистарски ознаки.

При извршениот преглед кај Р.А. била пронајдена и марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                                    

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега