Маж од Косово пронајден мртов на бензиска во Скопје

 

На бензиска пумпа во Скопје бил пронајден мртов маж од Косово.

„На 14.04.2020 во 15.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бензинска пумпа на улица „Јадранска магистрала“ бил пронајден починат Б.Р.(56) од Р.Косово“ соопшти полицијата.

Полициски службеници од Полициска станица Чаир излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега