Почина уште еден притвореник во Шутка

Притвореник починал во КПУ Затвор Шутка, потврдуваат од МВР за Пресс24. Според МВР, во полиција во 15:05 било пријавено починато лице, и е испратена екипа за увид.

Засега нема информации за причините за смртта.

Пред само една недела, на 8 април исто така почина притвореник кај кого посмртно беше пронајдено присуство на коронавирусот.

Тој притвореник во затворот бил примен еден месец порано, на 8 март, без симптоми на вирусот, а починал од срцев удар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега