Притвореник кој почина во Шутка имал 23 години

Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ ја потврди информацијата дека околу 15:00 часот починало 23-годиншно момче во притвор во Шутка.

-Се работи за 23-годишно момче, кое е во притвор од декември минатата година, изјави Рахиќ, пренесуваат дел од медиумите во земјата.

Засега нема информации за причините за смртта.

Пред само една недела, на 8 април исто така почина притвореник кај кого посмртно беше пронајдено присуство на коронавирусот.

Тој притвореник во затворот бил примен еден месец порано, на 8 март, без симптоми на вирусот, а починал од срцев удар.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега