Докторка од Делчево давала лажни дозволи за движење во полициски час

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 48 годишна лекарка од Делчево за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Според соопштението на полицијата лекарката со иницијали С.К. од Делчево им издала лажни потврди на четири лица за да може да се движат за време на полицискиот час. Пријава како што стои во полицискиот извештај е поднесена и против лицето, кое ги дало имињата на докторката.

-Како лекар во здравствена установа од Делчево, горенаведеното лице постапило спротивно на одлуките на Владата и изготвила медицинска потврда, во која навела дека лицето В. З. од село Панчарево дошло во нејзината ординација на лекарски преглед во придружба на четири лица, иако знаела дека тие не биле во придружба на пациентот, соопшти МВР.

Со потврдата како што стои во дополнението од извештајот, констатирано е дека лицата се движеле во времето на полицискиот час што е спротивно на одлуката на Владата, според која во време на забрана за движење, придружба на лице за давање итна медицинска помош може да вршат најмногу две лица.

Второто пријавено лице С. З. (50) од пехчевското село Панчарево, телефонски ѝ ги именувал четирите лица на докторката, што таа требало да ги наведе во потврдата за да им послужи за патување во време на забраната за движење, со што со умисла ја поттикнал лекарката да го стори кривичното дело, иако знаел дека лицата наведени во медицинската потврда не биле во придружба на пациентот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега