Марковски: Ако надлежните имаат стратегија тогаш рестриктивните мерки се оправдани, ако не, ќе имаме проблеми

Има многу малку колективен имунитет и сите овие мерки се одлични ако се проценува дека ќе нема втор пик. Но, не се согласувам со Комисијата за заразни болести кога ќе речат ќе има и втор пик. Ако се проценува дека ќе има втор пик, бидејќи има и малку официјални информации од истражувања, тогаш се неоправдани рестриктивните мерки што се спроведуваа, рече доктор Вело Марковски, инфектолог на гостувањето на емисијата Само вистина на телевизија Канал 5.

Според него, за тоа како да се постапува, какви мерки се потребни треба да се земат како пример САРС и МЕРС вирусите, а не грипот.

-Погрешно е да се прави споредба со грип, треба да се прават споредби со вируси од иста група како што се САРС и МЕРС кои се појавуваа и стивнуваа. Бидејќи нема многу сознанија за коронавирусот, а има многу мутации, можно е да го има пак, како што е случај со грип, или сезони на грип, но тоа ќе се манифестира како еден вид на настинка, и тоа лесна настинка, објасни Марковски.

Според него,граѓаните станаа заложници на овој модел.

 

-Ако Комисијата за заразни болести има стратегија тогаш во ред. Но, со кажувањата до сега, од една страна споредба со грип кога треба да се јакне имунитетот, од друга, крајно рестриктивни мерки со кои не се создава колективен имунитет тогаш ќе имаме проблеми, додаде Марковски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега