МВР снима спот за Денот на полицијата - Чулев и Петровска се скараа (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи вечерва на повеќе локации снима спот по повод Денот на полицијата. 

Според министерот Чулев, со спотот МВР ќе им се заблагоради за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на Армијата и сите оние кои во помагаат во справување со коронавирусот.

-Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи, напиша Чулев на Фејсбук.

Вели дека за него тие се хероите, а така ќе биде и во иднина.

Заменик-министерката Славјана Петровска, пак, вели дека станува збор за неодговорно и несовесно раководење.

-Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно, напиша Петровска на Фејсбук.

 

Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина...

Posted by Slavjanka Petrovska on Monday, 4 May 2020

04.05.2020 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега