Пад на температурите и дожд - метеоролозите најавуваат промена на времето

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Утре ќе настапи брза промена на времето, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието и на истокот. Потоа од четврток времето ќе биде претежно стабилно додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега