Идната недела ќе има лидерска, состанок на Советот за безбедност и одлука за вонредна состојба

Лидерската средба и состанокот на Советот за безбедност ќе се одржат идната недела во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, но точниот датум и натаму не е прецизиран. Од Вила Водно велат дека во тек е усогласување на датумот на одржување, како и форматот и темите на лидерската средба. Познато е само дека поканети се претседателите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, како и на албанските партии, ДУИ, Беса, ДПА, Алијанса и Алтернатива, пренесува „А1он“.

„Планирано да се одржи идната седмица меѓу 11 и 15 мај“, велат од Кабинетот на Пендаровски за лидерската средба.

Вонредната состојба на 16 мај, односно идната сабота. Претседателот Пендаровски веќе најави дека двапати ќе размисли пред да донесе одлука за нејзино продолжување за нови 30 дена или помалку од тоа.

„Пред истекот на вонредната состојба, планирано е да се одржи и седница на Советот за безбедност“, додаваат од Кабинетот на Пендаровски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега