Ден Дончев си поднесе оставка од директор на Фондот за здравство

Ден Дончев си поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство, дознава „Република“. 

Причина за оставката на Дончев од челната позиција во фондот како што образложил се здравствени проблеми на неговиот син кој заради затворените граници со коронавирусот е заглавен во Австралија.

Дончев за директор на здравствениот фонд беше поставен веднаш штом беше формирана владата на екс премиерот Зоран Заев.

Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почустувувал вистинско време да го стори тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега