Д-р Митов: Короната ќе помине, ние имаме проблеми со други пандемии

Французите се доста прецизни. Го најдоа пациентот кој што е заразен во декември. И тие немаат сомнеж во тој поглед. Значаен момент е дека тој не патувал никаде. Што значи дека е заразен од некој друг. Но, тука се отвора нова димензија – што доколку вирусот бил присутен во Европа уште од декември. Многу е важно да се знае кога бил присутен вирусот за да се знае повеќе околу колективниот имунитет, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Александар Митов.

-Што е суштината на ригорозни мерки? Тоа е купување на време. Се чека од некои од центрите каде што активно се работи да се дојде до некое решение. Би сакал да истакнам два моменти. Првиот момент е дека е добро што се појави интерес да се фокусираме на бројките на морталитет. Да ги објавевме бројките за морталитет пред 3 месеци, на дневна, на годишна основа, тоа ќе беше прилично досадно, каде што немаше да им бидат интересни податоците на граѓаните. Но сега и кај нас и во светот е таму свртен фокусот. И тоа е добро, затоа што можеме вистинските прашања да ги ставиме на маса. А вистинските прашања се – Короната ќе дојде, ќе земе замав и ќе помине, но ние имавме, имаме и ќе имаме проблеми со другите пандемии кои де факто се присутни – со дијабетот, со зголемената телесна тежина, со зголемениот крвен притисок. Кај нас смртноста на прво место е од срцеви заболувања, на второ од малигни болести, изјави д-р Митов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега