Бектеши: Субвенции за 454 домаќинства за печки на пелети

Спроведен е јавниот повик за субвенции за печки на пелети, информираше на денешната прес конференција министерот за економија, Крешник Бектеши.

Како што кажа тој, оваа година субвенции ќе добијат 454 домаќинства кои аплицирале до 6 март. Согласно мерката, домаќинствата со ниски примања добиле субвенции во износ од 75% од цената, но не повеќе од 25.000 денари, додека останатите апликанти добиваат поддршка во износ од 50% од трошоците за набавка на печки на пелети, но не повеќе од 20.000 денари.

Целта на мерката, додаде Бектеши е стимулација за употреба на поеколошки енергенси  за загревање на домовите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега