Уставните судии за иницијативата за првата вонредна состојба на Пендаровски: Не можеме да оценуваме нешто што не е веќе на сила

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба во државата која беше донесена на 18 март.

„Зошто да зборуваме за нешто што не е во правна сила. Вонредната состојба прогласена на 18 март веќе е помината, а иницијативата се однесува токму за таа одлука на претседателот Пендаровски“, рече судијата Владимир Стојановски.Претседателот Пендаровски на 16 април донесе нова одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.

И за оваа одлука е поднесена иницијатива за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд.

Судијата Осман Кадриу кажа дека одлуката на претседателот Пендаровски е строго уставна и строга државничка и нема основа да се поведе постапка за оценување на уставноста на оваа одлука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега