По 21 ден сопружниците од Неготино се излекуваа од корона вирус

Сопружниците од Неготино, кои беа првозаразените од коронавирус во овој град,, по 21 ден поминат на домашно лекување, се негативни на вирусот, пренесува „Фокус“.

Брачниот пар на возраст од 73 и 76 години, во добра здравствена состојба помина 21 ден во домашна самоизолација. Поради контакт со нив, на повеќе лица од Неготино им беа издадени Решенија за самоизолација и истите поминаа 14 дена во своите домови.

Според Центар за јавно здравје Кавадарци, сопружниците без симптоми барале да бидат тестирани бидејќи биле во контакт со лице сомнително или евентуално позитивно на вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега