Уставен не ја прифати иницијативата за свикување на Собранието

На денешниот работен состанок судиите на Уставниот суд едногласно одлучија да не се прифати предлог иницијативата на судијата Осман Кадриу да се покрене постапка за оценување на уставноста на одлуката на Собранието за распуштање. 

-Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост. Притоа, тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата, велат од Уставниот суд. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега