Чулев: До Владата ќе доставам уредба за награда од по 15 илјади денари за припадниците на МВР

Денеска потпишав и до Владата ќе доставам уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој вработен во Министерството за внатрешни работи (МВР), напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук.

„Благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата од ковид19! Денеска потпишав и до Владата ќе доставам уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив. Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат сè од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот. Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи“, напиша Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега