Мерко: Не ни е гајле што зборуваат невладините за дивоградбите

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не  го прифаќа предлогот на Антикорупциската комисија надлежноста за уривање на дивоградбите да биде префрлена на Владата. Според него во Струга сѐ што се градело било легално а за реакциите на јавноста и на невладините организации дека никнуваат нови дивоградби баш му било гајле, пренесува Алсат-М.

„Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, нас баш не брига“, вели Мерко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега