„Рекет“ влегува во финиш – денеска завршни зборови на Русковска

 

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбрана на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.

На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде обвинетата Катица Јанева, (поранешна прва обвинителка на СЈО) која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршела својата работа додека било на чело на Специјалното обвинителство.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега