До крајот на неделава се очекува датум за изборите

Третата вонредна состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на последната седница на Советот за безбедност, овој пат во траење од 14 дена истекува на крајот на месецов, по што според Уставот треба да продолжат законските активности за одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа одложени поради коронакризата.

Партиите се уште без усогласен термин за изборите, откако последната лидерска средба заврши со различни ставови на власта и опозицијата за натамошните активности околу предвремените избори, кои пред избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 требаше да се одржат на 12 април.

И власта и опозицијата сакаат на избори со датум, за кој е постигнат консенсуз, но засега според она што го кажуваат во јавноста, заеднички јазик нема, а усогласување на ставовите се очекуваат до крајот на оваа недела, иако засега се уште нема официјална потврда за нова лидерска до 30 мај, паралелно со завршувањето на 14-дневната вонредна состојба.

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев вчера во телефонски разговор со в.д. премиерот на Косово Албин Курти, нагласил дека до крајот на оваа недела ќе се знае кога ќе се одржат изборите, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

 

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на лидерската предложи три термини: 23, 30 август и 13 септември и натаму за избори во рамки на тој период. Тој вчера во интервју за ТВ Клан истакна дека август и септември е најдобар период за одржување избори, затоа што, според него тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните, а на прашањето дали неговата партија би ги бојкотирала евентуалните избори во јуни, кажа дека се е можно.

Нагласи дека здравјето е пред се и тоа е нешто што не се менува и додаде дека одлуките во неговата партија ги носат врз основа на мислењата на експертите.

Речиси 70 отсто од граѓаните, пак, ќе излезат на гласање на парламентарните избори доколку здравствените власти дадат зелено светло за тоа. Тие нема да се чуствуваат безбедно доколку тоа биде само со повик од политичарите. Ова произлегува истражување на јавното мислење кое се однесува на изборите што го објави „Детектор“, а го изработи Институтот за политички истражувања Скопје.

Истражувањето покажува дека ако надлежните здравствени власти дадат зелено светло за избори, на гласање се изјасниле дека ќе излезат 69,6 отсто од граѓаните, додека 19 отсто велат дека нема да се појават пред гласачките кутии.

А бројките покажуваат дека во изминатите два дена не се регистрирани починати од коронавирусот во државава, како и минимален пад на бројот на заразени, кој вчера достигна 21, а завчера беше 37. Вкупната број на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 447.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега