Уште 5 нови заразени со корона вирус во Штип, 4 од нив се текстилни работнички

На социјалните мрежи, во групата „Штипски актуелности“ се појави информација дека во Штип има нови 5 заразени со коронавирус.

Четири од нив се текстилни работнички.

Со тоа, од новите четири случаи на заболени конфекционерки, вкупно шест новозаболени од петокот наваму се работнички во иста конфекција, во која се ангажирани околу стотина работници

Најновиот биланс на заболени во Штип, особено поради фактот дека се од конфекција, ќе биде тема на денешниот состанок на Општинските кризен штаб, потврди градоначалникот Благој Бочварски. Тој кажа дека уште во текот на вчерашниот ден е разговарано со превозниците, кои со автобуси ги превезуваат работниците на работа, кои потврдиле дека прават редовна дезинфекција на автобусите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега