Д-р Јовев: Свеста за донаторство кај нас не е голема

Некој подолг период пред операција се подготвува и тимот и пациентот, а корона вирусот не беше проблем за премиерната трансплантација на срце, изјави воУтрински брифинг на „Слободна ТВ“, доктор Сашко Јовев, шеф на тимот кој направи прва трансплантација на срце во Македонија.

-Може да се каже дека секоја операција е уникатна. А трансплантацијата на органи е една од оние кои редовно и успешно се извршуваат во светот. Во светот нема многу донори, а неопходни се органи, особено срце. За да се дојде до операцијата, треба многу години припремање. Не е едноставно да се држи тимот во кондиција, но на крајот кога ќе видиме зошто толку време се држиме во кондиција, тогаш се е јасно. Пациенти има многу, многу од нив на листата на чекање и тие се припремаат во целиот тој период. Прво се подготвува тимот за деталите. Пациентите се спремни. Има неколку работи за кои се дискутира со Министерството за здравство како и координаторот за трансплантација, за пациентите кои се кандидати да бидат испитани за се она што е потребно…да дефинираме дали пациентот навистина заслужува орган, дали би бил повисоко на листата според критичноста и дали задоволува дополнителни услови како малигни заболувања, дуријабилност на телото, некоја болест и слични. Во тој смисол, сите пациенти се проверуваат, објасни Јовев.

Тимот кој Јовев го водеше, бил известен за форматот, два-три часа пред операцијата, но како што вели Јовев, сите тие се дел од синџирот.

-Има тим кој ќе го експлантира тоа срце, тим кој ќе го имплантира, тим кој подоцна ќе го мониторира тоа срце постперативно, а сите се среќаваме со испреплетување на знаењата. Одредена личност го води тимот, но секој си има клучна улога. Оваа координација, беше очекувана и беше перфектна бидејќи се работи за искусни експерти, порача хирургот Јовев.

За време на операцијата која траела околу три-четири часа, не се случило ништо непредвидено.

Таа, според Јовев, се одвивала во неколку фази, меѓу кои и употребата на машината за вештачки срца (машина за екстракорпорална циркулација и вон-телесен крвоток) кога практично се спојува организмот, а срцето доколку се корегира или менува, во даден момент го заменува таа.

-Најдраматичен момент е кога се чека дали срцето ќе преработи, потенцираше шефот на оперативниот тим.

Сега пациентот кој го доби срцето е на интензивна нега и во стабилна состојба.

-Во принцип, перспективата на пациент со пресадено срце е мошне добра. Ние очекуваме нормален пациент. Проблемот е следниот. Тоа срце е страно и телото на моменти се бори со него, тоа е непознато. Сега сме во периодот кога тоа е прифатено и кога треба да го закочиме имуниот систем кој го сфаќа тоа како страно тело и сака да го исфрли. Затоа се користат неколку групи на лекови и дел од нив ќе се користат во текот на целиот живот. Но, се очекува сосема нормален квалитет на живот со нормални и редовни активности. Околу 90 отсто од пациентите се враќаат во нормала, напомена Јовев.

Тој изрази надеж дека по овој зафат, бидејќи свеста за донаторство кај нас не е голема, работите ќе се променат, а во тоа најмногу, вели Јовев, може да помогнат законската регулатива и добра кампања за органодарителство.

-Хрватска има најголем број во светот на трансплантација на срце по глава на жител. И Словенија е блиску, инфомираше директорот на Клиниката за Државна кардиохирургија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега