Пред почетокот на летото, вистински есенски температури- УХМР со информации какво време не очекува
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка четири литри на метар квадратен, еден во Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Куманово.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи
од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степен.
Од УХМР посочуваат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од
дожд.
На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а максималната од 16 до 24 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа