Регистрирани три смртни случаи од коронавирусот- еден од нив е со посмртен брис

 
 
Министерството за здравство информира дека денеска починаа двајца пациенти од Тетово.
 
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Додека пак во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортен брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 , а оздравени се 16 пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега