Вечерва започнува фестивалот на виното

Вечерва започнува фестивалот на виното во организација на Веро центарот, со што  посетителите освен што ќе имаат можност да запознаат со вкусовите на домашните вина, ќе уживаат и во храната и музиката.

- Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето дебитантско искуство, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес, а ние се потрудивме да овозможиме одлична атмосфера вредна дружењето и оваа година да го повториме. Успеавме на едно место да собереме дури 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме четири различни производители на сирења и сувомесните призводи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето, изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

 

најчитано сега