Бесими на средба со Аврамопулос во Атина

Денеска вицепремиерот на Македонија за европски прашања Фатмир Бесими ќе се сретне во Атина со министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. На средбата која што ја најави и грчкото Министерство за надворешни работи, а како што пренесуваат грчките медиуми, ќе се бара начин да се реши спорот за името, за кое што според грчката страна, премиерот на Македонија Никола Груевски бил непопустлив. 

 Грчкиот весник „То Вима“  денешната средба на шефот на грчката дипломатија со вицепремиерот Бесими ја става во контекст на, како што се наведува, „барањето од страна на Атина канали за комуникација во Скопје во обид да се олесни решавањето на ќор-сокакот околу прашањето за името, и покрај непопустливоста на премиерот Никола Груевски“.

Инаку, како што јави дописникот на МИА од Атина, во написот спроти посетата под наслов „Се бараат соговорници во Скопје“, весникот пишува дека Бесими е од албанската партија ДУИ, која е дел од владината коалиција и се смета за умерен политичар. 

најчитано сега