Во Тетово и Пожаране наврнале 25 литри дожд

Вчера западниот дел на Македонија беше зафатен од силно невреме проследено со дожд и грмотевици.

Најмногу дожд, 25 литри на метар квадратен, наврна во Тетово и Пожаране. Во Маврово наврнаа 23 литри, во Скопје 13 литри, во Охрид 10 литри и Крушево шест литри на метар квадратен.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека нема пријавено оштетувања од невремето во Скопје. За тетовскиот регион информираат дека има поплавено обработливи и необработливи површини, што е резултат не само на дождот, туку и на наглото топење на снегот на планините. Поплава на станбени објекти нема.  

И денеска се очекува слично време во Македонија.

ФОТО:Дневник

најчитано сега