ФОТО: Пет градови во Македонија вечерва дишат многу загаден воздух
И вечерва граѓаните на Македонија дишат загаден воздух.
Мерните единици на апликацијата „Мој воздух“ измерија 306 ПМ10 штетни честички на метар кубен во Кавадарци.
По Кавадарци, воздухот е најзагаден во Скопје.
Во населбата 11 Октомври измерени се 237 ПМ штетни честички, во Мацир Маало 194, во Ново Лисиче 261, а во Гази Баба 161 ПМ 10 штетни честички на метар кубен.
Што се однесува до другите градови, висока загаденост е измерена во Кичево, Битола и Струмица.
Погледнете колкава е загаденоста во секоја општина одделно:
05.12.2020 - 19:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа