Даниловски: Здравствениот систем кај нас личи на башибозук
Универзитетскиот професор д-р Драган Даниловски вели дека македонското здравство личи на башибозук.
Тој во изјава за ТВ 24 утрово потсети дека Македонија е на врвот во светот по смртност од Ковид.
-Треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секја критика, рече Даниловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа