Најголемите фаворити Металург - Вардар во полуфиналето од купот
Екипите на Вардар Про и на Металург ќе играат во полуфиналната фаза.
Вака одлучи денешната жрепка која се одржа во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
Во второто полуфинале ќе играат Зомимак од Струмица и Металург Јуниор.
Организатор на завршниот турнир кој ќе се одржи на 18 и 19 мај е Вардар Про.
„Црвено-црните“ на денешната лицитација понудија највисока сума од 9.500 евра за да ја добијат организацијата на ова натпреварување.
ФОТО:Екипа.мк