СДСМ: Ќе покажеме што значи вистинска грижа за земјоделците!
Денеска се одржува првата седница на Советот за земјоделство и рурален равој на СДСМ. Денеска на едно место ја имаме науката, праксата и политиката, денеска имаме претставници од агросекторот кои ги живеат проблемите на земјоделското производство и кои ги знаат решенијата, велат од СДСМ.
- Изминативе седум години се направија катастрофални грешки во водењето на овој сектор, поради немањето на стратегија и желба за работа. Овој период се искористи само за корумпирање и заплашување на земјоделците со субвенциите кои им следуваат со закон. Овој период се намалија површините под земјоделски култури, годишно 200 000 ха остануваат необработени, се намали добиточниот фонд, некаде и за 50%, а увозот на храна достигна близу 700 милиони евра. Не смееме да ја оставиме владата и натаму да го уништува македонскиот аграр, создавајќи лажна слика преку скапите реклами кои служат за граѓаните да мислат дека земјоделците живеат добро и не смеат да се жалат. Вистината за жал е многу сурова, нерешен пласман, задоцнети субвенции, скапа нафта, ѓубрива, неквалитетни заштитни средства, омаловажени и потценети земјоделски производители. Субвенциите не се само голи бројки кои треба да ги фасцинираат неупатените, субвенциите се ефикасна мерка само кога се во спрега со знаењето, искуството и стратегијата, додаваат од партијата.
Земјоделската програма на СДСМ е сеопфатна има решенија за сите области но главните, најважните мерки се одговор на барањата на земјоделците и агробизнисмените изминативе седум години.
Субвенции до вистинските земјоделци со одредена динамика на исплата, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни.
Зелена нафта или 50% поефтина нафта како што имаат сите земјоделци од регионот.
Инвестиции во наводнувањето. 10 милиони евра секоја година за системи за наводнување или 30% субвенции за копање на артерски бунари.
Сигурен пласман преку изградба на откупни центри и инвестиции во преработувачки капацитети.
Нула проценти персонален данок за земјоделците
Бенифициран земјоделски стаж.
Од денеска најавувам едно жестоко темпо кое ќе го наметнеме во следење на состојбите во аграрот и притисок врз власта да ги решава проблемите на земјоделците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа