Ковачевски: Нема да барам извинување од Мицкоски за нечовечките нарачки насочени кон моето семејство

 

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски посочи дека од првиот ден од стапувањето на функција, тој и неговото семејство се под директен напад, а наредбата за таквите напади дошла лично од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Од првиот ден, јас и моето семејство сме под директен напад, посебно мојата сопруга и тоа е под директна наредба на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. До таква атмосфера дојде, бидејќи немајќи никакви аргументи во расправата во собранието ВМРО - ДПМНЕ во однос на реконструкцијата на Владата и со оглед на тоа дека нивниот претседател кажуваше дека имал 61 пратеник за да ја турне Владата а излезе дека Владата има зголемено парламентарно мнозинство од 65 што се потврди вчера, по негова наредба дискусиите на пратениците од ВМРО -ДПМНЕ беа исклучиво насочени против мојата сопруга“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи дека покрај неговата сопруга, цел на такви напади е и неговата малолетна ќерка и додаде дека за нечовечките нарачки нема да бара извинување.

„Директно под негова наредба за мојата малолетна ќерка во текот на месец јули минатата година кога се носеше францускиот предлог, беа правени недолични видеа на апликацијата Тик Ток и јас за ова од таков нечовек не барам извинување“ порача Ковачевски.

28.02.2023 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега