Мицкоски: Во Македонија се случуваат убиства со автоматски пушки на 300 метри од центарот на Скопје затоа што МВР наместо да го гони криминалот, е ортак со криминалците
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во струмичкиот регион посочи дека кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот и кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овде тогаш е нормално да криминалот си има своја држава.
-Кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот, кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овдека, тогаш е нормално да криминалот си има своја држава, и за жал тоа е нашата Македонија. Затоа велам колку побргу заминат толку побргу ќе дојде крајот на ова девијантно однесување, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во врска со убиството кое се случи пред некој ден потенцираше дека сето ова се случува затоа што во Македонија тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот.
-Инаку на 300 метри од центарот на Скопје да се случи едно вакво убиство, многу прецизно луѓе со автоматски пушки да си шетаат и тоа не 1 туку 4, на 300 метра ќе повторам од центарот на главниот град, нити во најлошите и нај би рекол кинематографии не можете да го сретнете, но ете за жал големина очевидци тој ден, во тој локал или во околината видоа како се врши брутална егзекуција на луѓе на 300 метра од центарот на главниот град во Скопје. Тоа е причина само поради тоа што немаме јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него. За жал кај нас тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот, додаде Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа