Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крф
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф. Земјотресот се случил во 7 часот и 20 минути по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува „Катимерини“.
Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) извести дека во раните утрински часови се случил уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони.
Нема информации за штети во овие земјотреси.
22.03.2024 - 09:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа