Организиран турнир за деца со посебни потреби во Штип

Општина Штип денеска го организираше првиот турнир за деца со посебни потреби „Кежо 2013“. Маја Ашкилова вработена во Општина Штип вели дека на првиот турнир во кошарка и пинг-понг учествуваат околу 80 деца и младинци со посебни потреби од Штип, Кавадрци и Неготино.

- Се надеваме дека овој турнир ќе биде традиционален, а го организираме под мотото „Дозволими да победам, а ако не победам охрабриме да се обидам, вели Ашкилова.

Дејан Здравков од Дневниот центар за деца со посебни потреби во Штип истакна дека овој турнир е позитивно прифатен од страна на децата, но и на родителите.

- Децата од Дневниот центар со посебни потреби во Штип имаат учествувано на повеќе турнири. Сметам дека ваквите турнири се пример како и на кој начин треба да се спроведува инклузијата во едно модерно општество, рече Здравков.

Гостин на турнирот за деца со посебни потреби „Кежо 2013“ беше и познатиот македонски пејач Драган Мијалковски, кој истакна дека веќе 27 години работи во Детскиот културен центар во општина Карпош и континуирано е дел од ваквите манифестаци, а како пејач веќе 40 години несебично ги подржува ваквите средби.

ФОТО: Дневник 

најчитано сега