Владата распиша оглас за ангажирање 80 лица на раководни функции во државни институции

Владата на Република Македонија  распиша оглас за ангажирање на околу 80 лица на раководни функции во државни институции кој ќе биде објавен на веб страната на Владата до крајот на овој ден.

Потпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информира дека ќе се популнуваат раководни места кои веќе се испразнети, чиј мандат привршува и места каде во моментот раководи вршител на должноста и ги повика сите заинтересирани да аплицираат на огласот кој ќе трае до 31 овој месец.

најчитано сега