Претседателот Иванов го посети Валандово

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска престојуваше во работна посета на Валандово.

Претседателот беше во придружба на директорот на Турската агенција за координација и развој, Махмут Чевик.

- Сите разговори се водеа со цел да се согледаат потенцијалите што ги има општина Валандово и можностите за размена на искуства, сознанија и наоѓање партнери за инвестирање од страна на турскиот бизнис сектор. Разговаравме за сферите на интерес на општина Валандово во кои може да се соработува, односно за понудата на општината за областите во кои конкретно може да се соработува. Се надевам дека посетата ќе вроди наскоро со конкретна соработка и зафати од кои граѓаните на Валандово и валандовско ќе имаат бенефит, изјави претседателот.

Директорот на Турската агенција за координација и развој, Махмут Чевик изрази голема благодарност за довербата што ја има од претседателот Иванов и вети во наскоро време средба меѓу бизнисмените од двете земји.

 

најчитано сега