Ќе се намали цената на струјата?

За два дена ЕЛЕМ ќе ги достави пресметките за направените трошоци до регулаторната комисија за енергетика. Откако истите ќе ги достават и Мепсо и Евн ќе се утврдува дали ќе има корекција на цената на електричната енергија. Од електрани на Македонија велат дека ги подготвиле информациите за своите трошоци по што регулаторот ќе пресмета дали ќе има зголемување или намалување на цената од август.

Најдоцна утре ќе ги завршиме пресметките за трошоците во работењето и ќе ги доставиме до Регулаторната комисија за енергетика. Ние не носиме одлука за тоа дали струјата ќе поскапи. Тоа е работа на Регулаторната комисија за енергетија и таа ќе одлучи за тоа – изјави генералниот директор на електрани македонија Дејан Бошковски.

Поради добрата хидрологија, компанијата во моментов работи со заработувачка па дури продава на слободниот пазар дел од вишоците електрична енергија.

Состојбата со акумулациите е стабилна, нивото за овој период од годината е одлично. Дел од термоелектраните дури се и исклучени токму поради зголемените водостои, а некои хидроелектрани го исполнија планираното производство за овој период од годината - рече Бошковски

најчитано сега