Вечерва само Македонија од поранешна Југославија има шанси за финале на Евросонг

Денеска Есма и Влатко со својата песна Пред да се раздени ќе настапат на полуфиналето на Евросонг во Малме, Шведска.

Имено, денеска во Шведска кралицата на ромската музика Есма Реџепова и мега популарниот Влатко Лозановски ќе ја претстават Македонија на Евросонг 2013. 

Првата полуфинална вечер на 58-то натпреварување за најдобра песна во Европа во шведскиот град Малме им донесе пласман во финалето на претставниците  од Молдавија, Литванија, Ирска, Естонија, Белорусија, Данска, Русија, Белгија, Украина и Холандија. Ниедна од земјите од поранешна Југославија не успеа да влезе во финалето на Евросонг, па само Македонија би можела да биде единствената поранешна Југословенска земја која годинава може да се пласира во финалето на Евровизија.

Оваа година во однос на гласањето прво жирито од секоја земја рангира песни од прво до последно место, а потоа публиката гласа за своите фаворити, а на крајот се собираат гласовите и од жирито и од публиката и се избира победникот.

Домаќин на вечерта ќе биде водителката и комичарка Петра Меде.

Во аренате се поставени 210 звучници, 800 компјутерски контролирани рефлектори и 200 тони сијалици и расветлечки уреди кои висат од плафонот.

Да им посакаме среа на нашите претставници!

На следниов линк погледнете како помина вчерашното гласање и која од земјите влезе во финалето.

ФОТО: Хитпортал 

најчитано сега