Понижувачки третман во Малме за македонските претставници на Евровизија

Понижувачки третман доживеале македонските претставници на Евровизија, Влатко Лозановски и Есма, јавуваат балканските медиуми. Според информациите, пропустите на организиаторот биле големи, но чашата ја прелеало тоа што на македонските претставници не им било овозможен ниту превоз од и до салата за прес конфренции, па тие морале сами да се снаоѓаат како умеат.

„Делегацијата нa Македонија е многу незадоволна бидејќи од организацијата не добиле превоз па се снаоѓале како знаат и умеат. Така во една можност човек од нивната делегација го прашал возачот на „Евровизија“ да ги почека да завршат интервјуата со Есма. Меѓутоа, возачот им одговорил дека не може да чека и дека е најдобро да си земат сами превоз. Лицето на тоа згрозено и вчудоневидено рекло: „Зарем мислите дека Есма Реџепова ќе ја качам во градски автобус да се вози!“- изјавува Наталија Милосављевиќ, новинар известувач на Радио С и порталот Смедиа, специјално од Малме, Шведска во изјава што ја пренесе Плусинфо

најчитано сега