Почина народниот херој Атанас Забазноски - Руски

Народниот херој Атанас Забазноски-Руски почина во Скопје на 87 годишна возраст, објавува Утрински весник.

Забазноски го добил партизанското име Руски бидејќи неговиот татко бил Русин, белогардеец, кој како момче дошол во Прилеп и таму се оженил за Македонка.

„Никогаш на Русите не им реков дека имам нивно потекло. Јас се чувствувам Македонец“, објаснуваше народниот херој пред неколку години. 

Денес, од народните херои е жива само 93 годишната Мара Нацева.

ФОТО: Курир

најчитано сега