До 21 мај телевизиите со аналоген сигнал да побараат промена на дозволата

Телевизиите кои планираат да продолжат со вршење на радиодифузна дејност, а ја емитуваат програмата аналогно, треба да побараат промена на техничкото средство преку кое ќе се врши емитувањето заклучно до 21 мај.

Советот за радиодифузија денеска информира дека локалните телевизии имаат можност да го променат и подрачјето на емитување, така што ќе станат регионални телевизии.

Аналогниот телевизиски сигнал ќе биде исклучен на 31 мај и по овој датум телевизиските радиодифузери кои аналогно емитуваат на државно, регионално или локално ниво ќе немаат право да ги користат радиофреквенциите за аналогно емитување доделени од Агенцијата за електронски комуникации. Доколку не им се измени постојната дозвола за вршење радиодифузна дејност, таа ќе престане да важи од 1 јуни.

Повеќе детали за условите и начинот на којшто можат да се извршат неопходните промени на дозволата за вршење радиодифузна дејност може да се најдат на веб страницата на Советот www.srd.org.mk

ФОТО: Канал5

најчитано сега