Македонија го одбележа Меѓународниот ден на семејството

Вчера во Градскиот парк во Скопје беше одбележан „Меѓународниот ден на семејството“ - 18 Мај.

Програмата по повод одбележувањето ја подготвија Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје и членовите на детскиот хор „Златно славејче“.

Меѓу присутните на одбележувањето на овој ден беше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски заедно со семејството.

- Ве уверувам дека во периодот додека јас сум министер со гаранција ќе биде ова редовна годишна активност и секоја година ќе биде одбележуван Светскиот ден на семејството бидејќи за нас како Влада и воопшто сметаме дека семејството е основна базична клетка на општисетвото, а здраво и хармонично семесјтво е основа за создавање здраво општество и силна и стабилна држава, рече министерот за труд и социјална политика.

Тој посочи дека во моментов, како што истакна, семејството во Република Македонија се соочува со сериозен проблем на намален наталитет и нагласи дека токму затоа се спроведуваат сите овие активности,  за да се мотивираат луѓето и да се сфати сензитивноста и сериозноста на проблемот.

Министерот Ристовски очекува во наредниот период во голем дел да се корегираат состојбите и дека квалитетот и карактеристиките на македонското семејство ќе се интензивираат во поглед на зголемување на бројот на деца и неговата одржливост.

Овој ден пред 20 години е утврден од страна на генералното собрание на Обединетите Нации за Меѓународен ден на семејството.

ФОТО: МИА

најчитано сега